Ако сте родени на овие датуми - ИМАТЕ ПОСЕБНА КАРМА!

14.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ако сте родени на овие датуми - ИМАТЕ ПОСЕБНА КАРМА!

Нумерологијата како концепт е блиску до оној на астрологијата и други паранауки од антиката. Може да се користи за “предвидување на иднината преку изготвување на предвидувања врз основа на бројките”.

Во нумерологијата има теорија дека луѓето родени на 13-ти, 14-ти, 16-ти и 19-ти, без разлика од месецот и годината, имаат посебна карма. Прочитајте за што станува збор…

Луѓето родени на 13-ти

За овие луѓе се вели дека ќе го остварат секој сон и секоја цел, но мора да се научат да се справат со пречки. По секој неуспех тие се во колапс емоционално, престануваат да веруваат во себе, имаат чувство дека е крајот на светот, наместо да земат поука и да бидат благодарни што имаат таква можност.

Секоја цел во животот тие ќе ја постигнуваат задолжително со една или две пречки. Но, тоа не треба да ги плаши, туку напротив, да ги мотивира!

Луѓето родени на 14-ти

Овие личности се склони кон фриволно однесување да изневеруваат, да не ги почитуваат другите, да си прават што сакаат. Доколку сте и вие од нив знајте дека вашата карма помалку паѓа во искушенијата и треба да си поставите цел, која ќе ја следите. Таа може да е поврзана со личен развој, развој на бизнисот, учење. Се проценува дека вие имате сила да го промените дури светот.

Луѓето родени на 16-ти

Штом сте родени на тој датум, тоа значи дека треба да дејствувате иновативно. Вие имате карма да иницирате и да ги водите останатите по себе. За целта се бара многу храброст и силна интуиција. Не грижете се, и двете ги имате во изобилство, само потребно е повеќе да поверувате во себе. Не смеете да сте иронични и цинични – тоа однесување ќе ви создаде негативна енергија, која ќе ве оддалечи од судбинскиот пат кој е потребно да се следи. Секој ден треба да давате почеток на нешто ново. И да го правите со сета своја љубов и желба. На пример да посадите дрвце, да заработите пријател, да му помогнете на некого, да направите креативна промена на работното место, да посетите ново место.

Луѓето родени на 19-ти

Вие сте луѓето кои изобилуваат со морална и емоционална поддршка за останатите. Склони сте кон затворање и да си седите главно дома. Тоа треба да се промени. Секој ден треба да разговарате со познати и непознати. Да давате совети, да ги сослушате, да помагате, да мотивирате. Благодарение на вас и вашите зборови, многу луѓе ќе ја откријат среќата, љубовта, а на некои дури и ќе го спасат животот! Вие сте амбасадорите на доброто, раздавачи на надежта, вие сте мудри советници – тоа е вашата судбина.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата