Приведени странски државјани – дошле како туристи, завршиле како градежни работници во Скопје

14.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Приведени странски државјани – дошле како туристи, завршиле како градежни работници во Скопје

Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север и СВР Скопје приведоа 20 странски државјани кои што го злоупотребиле туристичкиот престој и во Скопје незаконски и непријавено извршувале работи на градежни објекти.

Во централното градско подрачје, на градежен објект лоциран меѓу улицата ,,Јордан Мијалков“ и улицата ,,М.Х.Јасмин“, каде изведувачи на градежни работи биле неколку правни лица биле откриени: 11 државјани на Косово, по четворица државјани на Албанија и на Турција, како и еден државјанин на Иран, кои што нелегално работеле на објектите.

Странски државјани се приведени во ПС Центар и во ПС Кисела Вода за натамошна постапка. Во консултација со јавен обвинител, дополнително се преземаат активности за утврдување на одговорност на правните субјекти.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата