КРАДЕЛ, ТЕПАЛ... И СЕГА ЌЕ СИ ЛЕЖИ - зад решетки 23-годишен скопјанец

14.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
КРАДЕЛ, ТЕПАЛ... И СЕГА ЌЕ СИ ЛЕЖИ - зад решетки 23-годишен скопјанец

Секторот за внатрешни работи Скопје ќе поднесе кривична пријава против лицето Е.Б.(24) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека извршил едно кривично дело „разбојништо“ и едно кривично дело „тешка кражба“, при што се стекнал со противправна имотна корист од 37.800 денари.

Пријавениот на 10 март со товарно возило извршил „тешка кражба“ во живинарска фарма во населба Илинден, а на 17.11.2018 пријавениот, заедно со уште две лица, физички нападнале такси возач и со закана му одзеле пари.  

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата