Само вчера напишани 80 казни за брзо возење

14.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Само вчера напишани 80 казни за брзо возење

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје вчера во периодот од 06:00 до 24:00 часот казни 80 возачи кои управувале моторни возила со брзина поголема од законски пропишаната во населено место на подрачјето на Град Скопје.

Во спроведената зајакната акциска контрола полицијата констатирала и 52 останати прекршоци.

Во периодот од 19:00 до 24:00 часот, соопшти денеска МВР, е спроведена и акциска контрола за прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли, при што се констатирани осум прекршоци сторени од возачи на моторцикли. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата