Мицкоски за АЛСАТ: Предвремени парламентарни избори веднаш! (ВИДЕО)

13.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мицкоски за АЛСАТ: Предвремени парламентарни избори веднаш! (ВИДЕО)

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за телевизија Алсат М, истакна дека е разочаран од Зоран Заев кој како премиер наседнал на украински комичари и издавал важни информации кои што високи претставници на Европа ги споделиле во доверба со него, мислејќи дека е во исто друштво со Порошенко и Столтенберг.

Немам некој специфичен коментар освен тоа да кажам дека сум разочаран од тоа што го слушнав и генерално би сакал сега да кажам три реченици. Првата е тоа што сум уште по разочаран кога го видов она стенд ап шоу кое што беше организирано во Владата кога Зоран Заев се обиде несмасно да се брани од тоа што верувал практично завчера дека е прв пријател со Порошенко и дека има трoен разговор помеѓу Столтенберг,  Порошенко и него. Тоа лично како човек и како граѓанин во оваа држава ме разочара.

Мицкоски посочи дека втората работа што слушнавме е  дека  практично Заев  како државник нема тежина да чува важни информации кои што високи државници од Европа ги споделиле во доверба со него.

Тој практично тие работи ги кажува, прераскажува, додава и одзема и така натаму и тоа го прави поради две причини, а тоа е да се направи важен дека еве он е информиран, дека е фактор, дека со него се споделуваат таков тип на информации и втората работа е притисокот на значењето на таа информација, тој не може да одлучува со себе и сака да олесни и го пренесува на соговорникот, вели Мицкоски.

Има и трета работа, вели Мицкоски, а тоа е што веднаш и без двоумеге посегнува по криминал, по незаконски дејанија.

Не се мисли ни секунда. Вели: „Да да, во кеш“. Па потоа видовме дека тие пари не биле наменети за подмитување туку како донација за изградба на црква, која ќе заврши во депото на Вселенската патријаршија, претпоставувам кај патријархот Вартоломеј. Јас не познавам политичари, мои колеги кои во моментов располагаат со 150.000, односно 100.000 евра во кеш. Еден пријателски совет, нека се одвои од обожавателите и од оние што секојдневно се околу него заради реализирање на лични себични интереси. Нека се одвои неколку часа, нека размисли што прави. лошо е во државата, лошо се живее. Ова што се случува денес, мора да заврши со предвремени парламентарни избори, рече Мицкоски.

Мицкоски рече дека доколку Зоран Заев барем малку добро и мисли на Македонија, треба веднаш да распише предвремени парламентарни избори, бидејќи државата оди во погрешна насока.

Лошо е во државата, лошо се живее, овој начин на функционирање е погрешен, ова што се случува и што е денес секојдневие мора да заврши со предвремени парламентарни избори. Тоа е добро не само за него, ако и мисли барем 1% од тоа што се декларира и го кажува во јавноста добро на државата, треба тоа да го направи заедно со коалицискиот партнер ДУИ, вели Мицкоски.

Тој посочи дека оваа ситуација е неодржлива и ги преминува сите нормални граници на една политичка нормала здрава средина и затоа Заев треба се одвои од обожавателите и од сите оние кои што секојдневно се околу него поради реализирање на сопствени и лични себични интереси и да размисли неколку часа што прави.

Затоа јас на една изјава пред еден или два дена кога беше онаа стенд ап претстава во владата на прашање на ваши колеги реков дека веднаш треба  да седнеме сите ние како политички лидери да ги организираме нашите пратенички групи и да повикаме на предвремени парламентарни избори, истакна Мицкоски. 

Мицкоски уште еднаш го повика Заев неколку часа да помине сам и да подразмисли што прави, иднината на државата е во прашање, ако ние продолжиме вака да функционираме тогаш каде ќе ни биде крајот.

Јас  кажав и во една моја колумна дека на глупоста ѝ нема крај. Ако ние продолжиме вака да функционираме тогаш каде ќе ни биде крајот. Кога човек мисли дека го допревме дното, гледам сум бил песимист, овие луѓе се подготвени да копаат подлабоко уште повеќе, потенцираше Мицкоски.

Тој вели дека за Заев треба да се тргне на момент од обожавателите и тие кои го убедуваат да нема предвремени избори затоа што имаат недовршени бизнис или пак камионите им се ваму, плантажите со марихуана таму или пак не им се дособрани процентите од некои луѓе.

Затоа апелираме уште некое време за разум, да се седне да се повикаат пратеничките групи, да се поразговара во Собранието, да се организираат предвремени парламентарни избори, граѓаните нека одлучат дали овие политики на политичари, вакви какви што се уценети,корумпирани, помалку или повеќе исмеани во јавноста ќе ја добијат поддршката на граѓаните или ќе дојде некоја нова генерација политичари во Република Македонија, изјави Мицкоски. 

Ситуацијата од  ден на ден се менува, станува неиздржливо, луѓето стануваат се повеќе револтирани, луѓето ќе почнат да се самоорганизираат, ова што денеска се случува ги поминува сите граници на нормално функционирање на една држава, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за Алсат М телевизија.

Мицкоски вели дека практично секој ден ги слуша апелите на граѓаните дека е потребна радикализација, дека се потребни избори, дека е потребно практично на начин на кој што СДСМ години наназад функционираше како опозиција и ВМРО-ДПМНЕ да функционира.

Сето тоа мене ми е јасно и го разбирам гневот на граѓаните ја разбирам потребата од политички промени во Македонија, но и тогаш и сега ќе го повторам мојот став, дека сега ние се наоѓаме пред исклучително важен период за државата, тоа е што морам да признаам сум се помалку оптимист, а тоа е добивање на датум за отпочнување на преговори во октомври, потенцира Мицкоски.

Тој истакна дека овој активизам кој што е на изјави, на прес-конференции, колумни на апели, не само од ВМРО-ДПМНЕ туку и интелектуалци, граѓани во државата треба да биде само дополнителен мотив Заев и неговите коалициони партнери да се повлечат да размислат и да се повлечат и да го слушнат гласот на народот и да се формира техничка влада 100 дена и да се оди на предвремени парламентарни избори.

Ситуацијата нема да остане уште долго вака, ќе се испушти уште една шанса за Република Македонија, испуштената шанса носи дополнително разочарување кај граѓаните во Република Македонија и дополнителното разочарување има пак други поинакви последици.  Затоа час поскоро додека се уште разговараме со изјави, соопштенија, со колумни, со интервјуа да размислат што прават и каде ја водат државата. Со сета човечка, политичка професорска, педагошка одговорност ви велам во погрешна насока ја водите државата, државата оди во бездна, не зборам само за Зоран Заев, зборам за сите кои што се дел од неговата коалиција, изјави Мицкоски.

Ова што денеска се случува навистина ги поминува сите граници на нормално функционирање на една држава. Јас го разбирам тој дел и затоа велам се уште додека повикуваме на мирен начин е потребно да се организираат предвремени парламентарни избори, додаде Мицкоски.

Тој нагласи дека не ја исклучува можноста за протести од страна на ВМРО-ДПМНЕ велејќи дека тој поддржува секогаш мирни протести каде што граѓаните на мирен и достоинствен начин ќе морат да го искажат револтот за катастрофалните политики на владата на Заев и неговите соработници.

Таман работа. Апсолутно секогаш мирни протести, секогаш организирање на мирни протести за опција за било која опозиција вклучително и за ВМРО-ДПМНЕ  и опозицијата во Република Македонија без разлика дали таа опозиција ќе биде само ВМРО-ДПМНЕ или останатите опозициони партии. Зошто тоа да не бидат и опозиционите партии од албанскиот блок, изјави Мицкоски.

Власта врши политички прогон врз опозицијата бидејќи сфатиле дека ВМРО-ДПМНЕ не може да го победат на избори и бидејќи ја губат довербата кај граѓаните, решиле да ја напаѓаат опозицијата преку апсења, политички прогон, судски терор и фингирани обвиненија, се осврна Мицкоски на последниот случај „Шпански скали“, во кој беа уапсени Димитар Диновски, член на ИК, и Дејан Митевски, член на ЦК и претседател на ОК Аеродром.

Еве како што бевте сведоци пред недела и нешто беше нападнат  ВМРО-ДПМНЕ и беше уапсен и однесен во притвор еден член на Извршниот Комитет на партијата и еден член на Централниот комитет и претседател на Општинскиот комитет, Аеродром. Зошто ако ме прашате, одговорот е јасен Димитар Димовски е уапсен само поради една причина затоа што ги изнесуваше јавно криминалните скандали, насилничкото однесување на функционерите на СДСМ како што беше претепувањето во   кабинетот на градоначалникот во  Шуто Оризари, Курто Дудуш,  кој што е претставник на СДСМ,  а Дејан Митевски затоа што на дневна основа како претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром ги разобличува криминалиите и неработењето на градоначалникот Златко Марин кој што е дел од СДСМ.

Мицкоски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го издржи овој политички терор и прогон од страна на власта, но ќе дојде ден кога членот 353 став 5 од Кривичниот законик ќе почне да важи за нив, односно ќе одговараат еден ден за се она што денеска го прават.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во Алсат М телевизија посочи дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ по однос на прашањето за името е кристално чист. Тој истакна дека граѓаните го кажале својот став во однос на тоа како сакаат да се нарекува нивната држава на референдумот кој се одржа на 8 септември 1991 година кога во огромно мнозинство својот глас го дале за Република Македонија, независна и суверена.

Ние сме јасни чисти и кристални во нашиот став. Единствен важечки правен документ во оваа држава кој што ја детерминира државност  е резултат на волјата на граѓаните во 1991 година кога огромно мнозинство од граѓани на оваа држава рекоа дека ова е Република Македонија, суверена и независна држава. И тука нема никаква дилема, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски истакна дека сето останато е резултат на политичари, корумпирани, уценети и притиснати да направат нешто за кое што се срамат денеска и кое што е навистина спротивно на интересите на македонскиот народ, македонската нација и македонската држава.

За да одиме чекор назад потребни ни се 80 пратеници и Бадинтерово мнозинство, вели Мицкоски. 

Погледнете го целиот разговор.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата