Синиша Михајловиќ ја прекинува професионалната кариера поради болест

13.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Синиша Михајловиќ ја прекинува професионалната кариера поради болест

Тренерот на Болоња Синиша Михајловиќ ја прекинува професионалната кариера за да се соочи со сериозната болест, објави италијанскиот спортски весник Кориере дело спорт.
Михајловиќ неодамна направил прегледи, по кои лекарите го предупредиле дека лекувањето треба да го продолжи со агресивен третман, се наведува во саботното издание на весникот, кој не прецизира за каква болест станува збор.
Сепак, пишува во текстот, поранешниот селектор на српската фудбалска репрезентација и поранешен играч ќе се огласи со соопштение или ќе одржи прес-конференција, на која ќе ги соопшти деталите.
Педесетгодишниот Михајловиќ дојде во Болоња на крајот на јануари на местото на Пипо Инзаги, па со тимот кој беше меѓу сериозните кандидати за испаѓање во Серија Б, стигна до 10 местото на крајот на шампионатот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата