Додека цела Србија споменува развод

Карлеуша и Душко си пливаат во Дубаи, и не им чуе!

4.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Карлеуша и Душко си пливаат во Дубаи, и не им чуе!
И додека цела Србија шпекулира оти Душко Тошиќ полудел и решил веднаш да се разведе откако наводно го видел филмот во кој главни актери се неговата сопруга Јелена Карлеуша и нејзиниот, наводен, љубовник Огњен Врањеш, целото семејство ужива на плажа во Дубаи. Првично на оваа егзотична дестинација отпатуваа Душко и нивните две ќерки Ника и Атина, за по закажаните настапи одржани изминатиов викедн да им се придружи и Јелена. Што точно се слушува во семејството Тошиќ - Карлеуша не е познато, бидејќи од нив досега никој не се огласил и се се сведува на шпекулации. Но ако може да се суди по фотографиите на повидок не е ни Р од развод. Впрочем, погледнете го видеото кое го објави Душко на својот инстаграм-профил, а го снимила Јелена, која неодамна на доделувањето на Музичките награди во Штарк Арената промовираше нова песна со наслов „Лајк“, па проценете сами: 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата