Украина воведе хемиска кастрација за педофили

12.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Украина воведе хемиска кастрација за педофили

Украинскиот парламент усвои нов закон со кој се вовоедува задолжителна хемиска кастрација за сексуални престпаници, објави „Индепендент“.

Законот е усвоен по неколку медиумски експонирани прикзани за злоставувања на малолетници. Украински правни и медицински експерти остро ја критикуваа одлуката на парламентот и го повикаа претседателот Володимир Зеленски да интервенира со поставување вето.

Со новиот закон, на мажите кои извршиле сериозни сексуални злоупотреби на малолетници, ќе им се дава преку инекција антиандрогени лекови.

Задолжителната хемиска кастрација ја поддржаа 247 пратеници, дури 21 пратеник повеќе од потребното за да се усвои нацрт законот.

Ваков закон оваа година воведе и американската сојузна држава Алабама. Во Турција овој закон беше воведен во 2016 година, но Државниот совет ја спречи неговата примена бидејќи дефиницијата за лекување и неговите граници биле нејасни.

И нашата земја во 2014 година изгласа измени на кривичниот закон, со кои се заострија затворските казни за педофили и воведе хемиска кастрација. Парламентот на Молдавија пак го легализираше овој закон во 2012 година.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата