Талентираната виолинистка Катја Цуканова (17) пронајдена е мртва во Лондон. Нејзиното безживотно тело го пронашол нејзиниот татко, рускиот милијардер Игор Цуканов. Постојат сомнежи дека се предозирала со дрогата „Келвин Клајн“, мешавина од кокаин и кетамин.

Непосредно пред смртта се забавувала со другарите, а ѝ се слошило во нејзината вила во Кенсингтон, во западниот дел на Лондон.

Цуканов се преселил од Русија во Англија во деведесеттите, па Катја е родена таму. За британски Телеграф изјавил дека неговата ќерка, која настапувала во Кралската опера само неколку дена пред смртта била исклучително среќна и имала светла иднина.

Беше многу паметна девојка, но направи погрешен избор. Што можеме да сториме ние, родителите? Децата и онака ќе направат како што сакаат, а патем ќе ве излажат, рекол рускиот милијардер.

Катја била префрлена веднаш во болница, но лекарите само констатирале смрт.

Дрогата „Келвин Клајн“ станала популарна неодамна, а другарите на виолинистката за англиските медиуми изјавиле дека ноќниот живот во Лондон едноставно не може да се замисли без овој опијат.

Катја завршила прва година на музичката школа во Бакингемшир, каде што добила и стипендија, а во септември требало да тргне на повисоко ниво.

3

Најчитани вести