УШТЕ ЕДНА ЛАГА! Фолксваген „ептен беше заинтересиран“ да отвори фабрика кај нас, ама сепак ја избра Турција!

12.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
УШТЕ ЕДНА ЛАГА! Фолксваген „ептен беше заинтересиран“ да отвори фабрика кај нас, ама сепак ја избра Турција!

Надзорниот одбор на “Фолксваген” објави дека избрал локација за фабрика во близина на западниот крајбрежен град Измир, Турција. Според првичните информации, во новата фабрика во Турција ќе се произведуваат модели на Сеат и Шкода.

Како што пренесува “Новости” преку неофицијални информации од светските медиуми, фабриката “Фолксваген” ќе произведува 350.000 автомобили годишно.

Во последните неколку месеци се шпекулираше дека “Фолксваген” преговара со претставници на неколку земји за локацијата за изградба на фабрика во Југоисточна Европа.

Премиерот Заев во неколку наврати изјавуваше дека Фолксваген е сериозно заинтересериан да инвестира во Македонија, а во своите лaжни вести ја вовлече и германската канцеларка, Ангела Меркел која, според неговите лaжни тврдења, му ветила дека германскиот гигант ќе инвестира во Македонија. Македонија уште на почетокот oтпaднa, а Србија, Бугарија и Турција се бopeа за оваа фабриката.

Според шпeкyлaциитe, се чини, дека за изборот на локацијата голем придонес имал Катар, која има 17 отсто удел во акции во”Фолксваген”, а токму Катар се залагаше за изградба на фабрика во Турција на состанокот на комитетот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата