Кажете што сте во хороскоп и откријте кој коктел е за вас

12.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кажете што сте во хороскоп и откријте кој коктел е за вас

 

Овен – Пинаколада

Отворени и искрени, овните најмногу уживаат во егзотичните мешавини. Нивниот слободоумен и храбар дух сака да открива нови и поинакви работи.

Бик – Водка соур

Како знак кој цврсто стои на земјата со двете нозе, бикот сака сè што е едноставно и практично – како овој коктел.

Близнаци – Маргарита

На веселите и симпатични близнаци кои зрачат со животна убавина, најмногу им прилега маргарита. Коктелот кој настанал уште во 30-тите години на минатиот век, кога и дамите почнале отворено да уживаат во алкохолот, е како создаден токму за нив.

Рак – Тач даун

Ракот обожава да ги одржува старите врски, па затоа сака и класични коктели. Тач даун е уште еден класик помеѓу коктелите, со слатко-овошен и нежен вкус, токму како што се нежни и раковите.

Лав – Космополитен

Пијалакот на лавот е секогаш возбудлив и гламурозен – како него! Затоа лавовите многу често пијат космополитен.

Девица – Москоу мјул

Овој коктел е има горчлива нота, токму како девиците со нивниот директен, но искрен начин на однесување.

Вага – Мохито

Едни од најубавите жени во хороскопот се токму вагите. Тие се секогаш убави облечени и знаат како да флертуваат. Со ваквиот коктел во рака, сите нивни карактеристики уште повеќе ќе се истакнат.

Скорпија – Секс он д бич

Тие секогаш зрачат со сексапил, токму како што сугерира и името на коктелот – скорпиите уживаат во животната радост и безгрижноста.

Стрелец – Маи таи

Знак создаден за патување и авантура од сите видови, свети како сонцето и никогаш не губи енергија. Доколку проба маи таи, неговиот вкус ќе го одведе во некои далечни краишта, а љубопитниот и енергичен стрелец сигурно ќе тргне по нив.

Јарец – Ипанема

Јарецот е совесна личност и речиси никогаш не знае да претера, што не значи дека не знае да се опушти и ужива. Ипанема сигурно ќе ја зачини ситуацијата и тие моменти ќе ги направи уште подобри.

Водолија – Куба либре

Независната водолија ја обожува слободата и за неа не постои подобар коктел од кубанскиот коктел со рум, чие име го содржи зборот „слободна”.

Риби – Баул

Со овој коктел, многу брзо ќе исчезне импулсивноста со која се одликува овој знак од зодијакот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата