ХОРОР НА НАПЛАТНА РАМПА: Со неверојатна брзина се забил во возилото пред себе, летнала и куќарката

12.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ХОРОР НА НАПЛАТНА РАМПА: Со неверојатна брзина се забил во возилото пред себе, летнала и куќарката

Несреќата се случила на наплатна рампа во Хрватска, на патот А4, а тешко повредени се три лица. Возилото кое ја предзивикало несреќата со полна брзина се забило во возилото пред себе, во кое се наоѓале татко, мајка и нивното дете. Тие се тешко повредени и се наоѓаат во индуцирана кома.  

Возилото бе-ем-ве поради неприлагодена брзина се забило во шкодата, која го чекала својот ред. Од силината на ударот шкодата одлетала во бетонскиот ѕид, а потоа и во наплатната куќарка. 
На пожарникарите им требале 45 минути од смачканата шкода да ги извадат родителите и детето. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата