Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава  против Д.С.(34) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,изработување и набавување оружје и средства наменети за извршување на кривично дело“.

На 5.10.2018 година во Прилеп, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле 18 метални алатки за брави, кутија со алати за отворање брави, десет клучеви за брави – т.н. „чешли“, повеќе видови на клучеви и повеќе видови на алуминиумски фолии.  

1

Најчитани вести