Тетовец со автомобил излетал од патот

12.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тетовец со автомобил излетал од патот

Триесетиосумгодишен жител на тетовското село Фалише е тешко повреден во сообраќајна несреќа, што се случила синоќа на улицата „Маршал Тито“ во Тетово.

Според информациите од МВР, Д.П. изгубил контрола над возилото „Пежо 206“ и излетал од коловозот.

Поради сериозноста на повредите возачот бил пренесен во тетовската клиничка болница. Увид извршила екипа од СВР Тетово.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата