Трагична смрт на фудбалер! Одбранил пеналот и починал на место прославувајќи победа (фото)

12.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трагична смрт на фудбалер! Одбранил пеналот и починал на место прославувајќи победа (фото)

Фудбалска трагедија во Аргентина Рамон (Пики) Исмаел Коронел кој имал само 17 години, починал на терен кога ја прославил победата откако одбранил пенал со своите гради.

Тој колабирал на терен од срцев застој пред публиката и беспомошните соиграчи. Навивачите се обиделе да го однесат во болница со камион, но бидејќи амбулантно возило немало на терен, младиот голман починал на пат до болница. Кога веќе пристигнале направена му е реанимација но веќе младиот фудбалер починал.

Рамон играл за Union de Golondrina во северната провинција Санта Фе, каде што се одржувал годишен фестивал на тоа подрачје.

Роднина на “Пики“ за локалениот вестнк "Reconquista Hoy“ рекол дека бил среќен што го одбранил пеналот и дека го прославувал тој потфат кога паднал на земја.

“Неможам да разберам зошто немало амбулантно возило на настан како што е овој“ – рекол таткото на голманот Едуардо Коронел.

Од Регионална северна фудбалска лига, натпреварот во кој учествува неговиот клуб, излегле со соопштение: “Ја потврдуваме смрта на играчот на "Union de Golondrina", Рамон Исмаел Коронел, познат како Пики. Нашите мисли се со неговото семејство и клубот, во овие тешки моменти“.

Инспектори кој ќе водат истрага, ја известиле јавноста дека ќе ја истражуваат причината за оваа трагедија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата