Aвтомобил удри во пешак во Битола

12.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Aвтомобил удри во пешак во Битола

Педесетипетгодишен пешак од Битола е тешко повреден откако синоќа во него удрил автомобил „Хјундаи Купе“ на улицата „Васко Карангелевски“ во Битола.

Во незгодата пешакот В.Д. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болница Битола.Увид извршила увидна екипа од СВР Битола.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата