Кина тврди дека Ши побарал од Трамп да ги олесни санкциите врз Северна Кореја

12.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кина тврди дека Ши побарал од Трамп да ги олесни санкциите врз Северна Кореја

Кинескиот претседател Ши Жинпинг го повика американскиот претседател Доналд Трамп да ги олесни санкциите врз Северна Кореја за време на нивниот состанок во Јапонија минатиот месец, објави кинеското Министерство за надворешни работи во петокот.

Кина се приклучи кон строгите санкции на Обединетите нации по повторните ракетни и нуклеарни тестови на Северна Кореја, но исто така предложи да се олеснат санкциите со што Северна Кореја би се наградила за добро однесување.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Џенг Шуанг, изјави за новинарите дека Ши го информирал Трамп за позицијата на Кина во врска со Северна Кореја, кога тие се состанаа на маргините од самитот на Г20 во Осака.

„На состанокот со претседателот Трамп во Осака, претседателот Ши го информираше за позицијата на Кина во врска со прашањето за полуостровот и побара од американската страна да покаже флексибилност и да ги олеснат санкциите во догледно време“, рече Џенг.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата