Во собраќајна несреќа што се случи вчера на крстосницата од бул.„Србија“ и бул.„3-та Македонска Бригада“ во Скопје помеѓу товарно возило „Фолксваген Транспортер“ и возило „Ауди А6“, повредени се петмина лица, соопшти МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил С.А.(26) од Скопје, сопатник во товарното возило и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Додека возачот на товарното возило и уште тројца сопатници се здобиле со телесни повреди. Увид извршила екипа од СВР Скопје.

извор: Makfax

0

Најчитани вести