Претставничкиот дом на САД одобри амандман за нови антируски санкции

12.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Претставничкиот дом на САД одобри амандман за нови антируски санкции

Претставничкиот дом на Конгресот на САД донесе амандман за фискалната 2020 година, предвидувајќи санкции против суверениот долг на Русија поради наводно мешање во изборите.

Сесијата беше емитувана во живо преку тв-каналот C-SPAN.

Предлог-буџетот, во кој беше воведен амандманот, допрва треба да биде одобрен од Претставничкиот дом. Ако нацртот биде одобрен од Долниот дом, амандманот треба да биде одобрен од пратениците од двата дома пред предлог-буџетот во најновата верзија да биде доставен до американскиот претседател Доналд Трамп за потпишување.

Изјавата на Белата куќа, објавена во вторникот на 10 страници, вели дека Трамп може да стави вето на буџетот за одбрана.

Москва силно и доследно ги негираше наводите за обид да се меша во претседателските избори во САД во 2016 година.

 

 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата