Владата и опозицијата во Венецуела се согласија да формираат антикризна комисија

12.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Владата и опозицијата во Венецуела се согласија да формираат антикризна комисија

Владините и опозициски сили на Венецуела се согласија да формираат комисија во која ќе разговараат за начините за надминување на актуелната политичка криза, информира Министерството за надворешни работи на Норвешка, кое дејствувакако посредник во процесот на преговори, пренесува ТАСС.

„Претставниците на главните политички актери во Венецуела ги продолжуваат преговорите што беа почнати во Осло. Како дел од овој процес е воспоставена преговарачка маса која ќе работи континуирано и ефикасно за да се постигне решение во рамките на Уставо”, се вели во соопштението на министерството.

Во меѓувреме, гувернерот на државата Миранда, Хектор Родригез, кој ја претставуваше владата на Венецуела на разговорите во Барбадос, рече дека е можен договор со опозицијата.

„Тоа ќе биде тежок пат за кој ќе биде потребна огромна работа и трпеливост. Но верувам дека може да потпишеме договор за мирен соживот”, рече тој .

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро рече дека тридневните разговори со опозицијата на Барбадос биле многу интензивни.

„Имаме договор со владата на Норвешка да не ги откриваме деталите. Можам само да кажам дека нашата агенда вклучува шест одредби”, рече тој.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата