Роберт Дауни Џуниор од „Одмаздници” заработи 75 милиони долари

12.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Роберт Дауни Џуниор од „Одмаздници” заработи 75 милиони долари

Филмската серија „Одмаздници“ е една од најуспешните франшизи на светската кинематографија. Последното продолжение „Одмаздници: Крај на играта“ оствари профит од околу 1,2 милијарди долари.

Актерот Роберт Дани Џуниор, кој го игра ликот на Ајронмен, на тимот на „Одмаздници“ се приклучи во 2008 година, и оттогаш заработи многу пари од оваа серија.

Како што објавија светските медиуми, Роберт Дауни заработил околу 75 милиони долари. Неговиот хонорар за секој филм е 20 милиони долари, плус бонуси, што на крајот му донесе толкава заработка.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата