Кога ќе падне првиот снег, омажи/ожени се и заколни се на искрена љубов која ќе трае!

12.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
 Кога ќе падне првиот снег, омажи/ожени се и заколни се на искрена љубов која ќе трае!

Отсекогаш се верувало дека секој месец има свое значење и според него се одредува успехот на бракот, па еве на што укажува секој месец одделно:

Јануари

Кој ќе стапи во брак додека годината е нова – тој ќе биде заљубен, добар и искрен.

Февруари

Кога февруарските птици спијат, не се венчавај, туку плаши се од својата судбина.

Март

Ако се омажиш/ожениш во периодот кога дува мартовски ветер, ќе имаш и уживање и солзи.

Април

Ако сте во можност, венчајте се во април. Тоа е идеално уживање и за него и за неа.

Мај

Секоја свадба која се одржала во месец мај била несовршена.

Јуни

Ако се омажиш во период кога растат јунските рози, ќе мора да обиколиш и копно и море заради партнерот.

Јули

Оние кои ќе се венчаат во јули ќе мора да работат само за да се прехранат.

Август

Оние кои се венчани во август ќе поминат низ големи промени во текот на животот.

Септември

Склучувањето на брак во црква во овој месец ќе ви донесе богат и добар живот.

Октомври

Ако се омажиш или ожениш во овој месец, љубовта ќе расте, но богатството ќе се намалува.

Ноември

Ако се венчате во темниот ноември, можеби ќе треба време, но уживањето ќе дојде.

Декември

Кога ќе падне првиот снег, омажи/ожени се и заколни се на искрена љубов која ќе трае.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата