Весна Змијанац одбила да излезе на сцена пред неколку луѓе, после драмата откачила: “Ова е од инает“ (видео)

12.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Весна Змијанац одбила да излезе на сцена пред неколку луѓе, после драмата откачила: “Ова е од инает“  (видео)

Весна Змијанац требала да настапи на фестивалот Влез, меѓутоа таа одбила да настапи.

Сцената на која било предвидено да пее Весна немала скоро никаква посетеност, само неколкумина луѓе.

Со неа требала да пее и Андријана Чекиќ, која исто така одбила и заминала од фестивалот, а Змијанц порачала:

- Немам ништо против Звонко Богдат, но тој и јас на иста бина тоа е мешење на баби и жаби при што блиску е бината каде што е музиката е слична што не е лигично. Вероватно мене ќе ме прфрлат за утре кога ќе настапат Џиновиќ и Бекута – рекла фолкерката.

Сепак ситуацијата се променија, повеќе луѓе се собрале со што Весна решила да запее. Штом зачекорила на сцена на присутните со насмевка им рекла: “Ова е од инает“.

Иако посетеноста не била голема, присутните одлично се забавувале додека Весна ги нижела хитовите.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата