„Твитер“ падна – илјадници корисници не можат да се логираат на платформата

11.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Твитер“ падна – илјадници корисници не можат да се логираат на платформата

Илјадници корисници ширум светот не можат да се вклучат на „Твитер“. Од компанијата првично наведоа дека ги испитуваат можните причините поради кои корисниците не можат да пристапат до платформата, а подоцна соопштија дека проблемот настанал поради промена на внатрешната конфигурација.

„Прекинот се должи на промена на внатрешната конфигурација, која сега ја решаваме. Некои луѓе повторно ќе можат да пристапат до ‘Твитер’. Работиме на тоа ‘Твитер’ да биде достапен за сите што е можно побрзо“, соопштија од компанијата.

Според податоците на Downdetector.com засега близу 70.000 корисници пријавиле дека не можат да се логираат.

Откако корисниците почнале да објавуваат дека имаат проблеми со пристапот до платформата, акциите на „Твитер“ паднале.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата