Миле Јанакиевски НЕ Е ВЕЌЕ ВО СОСТОЈБА КОМПЕТЕНТНО ДА ГИ СЛЕДИ СУДЕЊАТА

11.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Миле Јанакиевски НЕ Е ВЕЌЕ ВО СОСТОЈБА КОМПЕТЕНТНО ДА ГИ СЛЕДИ СУДЕЊАТА

Веќе 13 дена поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески штрајкува со глад, во затворот во Шутка каде се наоѓа во притвор. Јанакиевски по речиси две недели штарјк со глад не е веќе во состојба компетентно и свесно да ги следи судењата -  видно е ослабен, нервозен, изнемоштен, конфузен.

За лошата здравствена сстојба на Миле, говорат неговата сопруга и адвокатите, кои велат дека тој е видно ослабен, нервозен, изнемоштен, конфузен.

Иако не сака да ја информираме јавноста за неговата состојба, ова што го прави повеќе нема смисла. Не гледам дека штрајкот вилијае врз правдата, туку само врз неговото здравје. Досега немал проблеми со бубрезите. Оваа инфекција е резултат на штрајкот и на условите во затворот, вели за порталот Република сопугата на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, Сања Јанакиески.

Адвокатот Александар Новаковски, кој го застапува Јанакиески во случаите „Шпански скали“ и „27 април“ за Република истакна дека Миле се изложува на здравствен ризик, со оглед на тоа колку судења му претстојат, ќе биде тешко да ги следи.

Ако вака продолжи, нема да ги издржи процесите, вели Новаковски.

Од порталот Република се обиделе да стапат во контакт и со Народниот правобранител, кој постапува по претставка од сопругата на Јанакиески, но оттаму како што велат не добиле одговор какви се заклучоците од посетата на Јанакиески во затворот во Шутка.

Одговор сѐ уште не добила ниту сопругата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата