ОН отвора истрага за убиствата во војната против дрогата

11.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ОН отвора истрага за убиствата во војната против дрогата

Советот за човекови права на Обединетите нации во четвртокот се согласи да почне прелиминарна истрага во врска со илјадниците убиства на Филипините во таканаречена „војна против дрогата“.

Резолуцијата, поднесена од Исланд, беше усвоена со 18 гласа за, 14 против (вклучувајќи од Кина), и 15 воздржани (вклучувајќи ја Јапонија) на 47-члениот форум во Женева.

Делегацијата на Филипините ги повика земјите да гласаат против резолуцијата, која бара од високата комесарка на ОН за човекови права, Мишел Башеле, да извести за своите наоди во јуни 2020 година.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата