Шимпанзото Коко и неговите пријатели добија пространо живеалиште во скопската зоолошка

11.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шимпанзото Коко и неговите пријатели добија пространо живеалиште во скопската зоолошка

Познатото шимпанзо Коко кое 10 години се ресоцијализираше во Холандија повторно е во својот дом, во скопската Зоолошка градина, поради што денеска се одржа прес-конференција, на која беше промовирано и новото живеалиште за шимпанза.

Заедно со Коко истото ќе го делат уште три шимпанза – Мими, Роси и Хјасл. Тие од карантинот денеска беа префрлени во големиот внатрешен објект и се запознаа со својот нов дом, во кој има многу реквизити и пространа надворешност.

На прес-конференцијата се обрати градоначалникот Петре Шилегов, кој објасни дека новото живеалиште за шимпанза ги исполнува сите европски стандарди.

„Континуирано ја збогатуваме понудата на Зоолошката градина – лани пристигнаа слоновите, а сега работиме на тоа да донесеме фламинга и пингвини. Најдоцна до следната пролет овде ќе биде отворен дино-паркот. Градот Скопје сериозно инвестира во Зоолошката градина, а граѓаните тоа го препознаваат, па посетата во одредени периоди стигнува и до 30.000 посетители“, истакна скопскиот градоначалник.

На пресот присуствуваа и директорот на Зоолошката градина, Ѓорѓи Галетановски, дел од тимот од Холандија каде што Коко престојуваше изминатата деценија и ЗОО-негувателите од скопската градина кои го чуваа Коко пред да замине за Холандија.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата