По разводот Адел изгледа подобро од кога било

11.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
По разводот Адел изгледа подобро од кога било

Британската пејачка Адел (31) беше снимена пред неколку дена во друштво на мистериозен човек. Повеќето обожаватели заклучија дека тоа ѝ е новото момче, но набрзо се откри дека станува збор за сопругот на нејзиниот пријател Алан Кар, со кого пејачката со години се дружи.  Тие заедно беа на концертот на Селин Дион.

Обожавателите на Адел ја забележаа нејзината вита линија, и според коментарите, оваа промена ги израдува.

„Жената се преполови. Никогаш подобро не си изгледала, ослаби уште десет килограми и ќе изгледаш како модел“, стои во коментарите.

Пејачката пред три месеци се разведе од бизнисменот Сајмон Конецки (45), со кого беше во брак три години и седум години во врска. Портпаролот на пејачката соопшти дека двојката се развела и нема да има понатамошни коментари на оваа тема, според „Мирор“.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата