Филмот за Оливер Драгојевиќ и неговиот последен концерт премиерно на филмскиот фестивал во Пула

11.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Филмот за Оливер Драгојевиќ и неговиот последен концерт премиерно на филмскиот фестивал во Пула

Документарниот филм за музичката легенда Оливер Драгојевиќ „ОЛИВЕРовите 70 – Малата приказна за големиот музичар и неговиот последен концерт“ ќе биде премиерно прикажан на 21 јули, во пулската Арена, во рамки на 66. Филмски фестивал во Пула, а во пресрет на првата годишнина од смртта на истакнатиот хрватски музичар.

Филмот го режираа Бранко Дракулиќ и Леа Деклева, а е направен од материјалите снимени непосредно пред и во текот на славеничкиот концерт  „ОЛИВЕРовите 70“ со Загрепската филхармонија.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата