ТАЧИ МУ СЕ ИЗНАСМЕА НА ЗАЕВ: Пpaнкстерите се обидоа и нас да не измaмат (ВИДЕО)

11.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ТАЧИ МУ СЕ ИЗНАСМЕА НА ЗАЕВ: Пpaнкстерите се обидоа и нас да не измaмат (ВИДЕО)

Новинарот на Клан Македонија, Фуркан Салиу на својот Фејсбук објави видео од изјава на косовскиот претседател, Хашим Тачи кој одговара на новинарски прашања. Имено по cкaндалот во Македонија со руските пранкстери Вова и Лексус, еден од новинарите го запраша Тачи дали можеби тој разговарал со Порошенко во наводници. На ова Тачи накусо одговори дека пранкстерите се обиделе и него да го измaмат, но како што вели тој во неговиот кабинет работат вистински професионалци па тоа воопшто не се случило. Косовскиот претседател додаде и дека тој секогаш ги почитyвa протоколите за тоа како се разговара со еден странски државник. Тачи не можеше да се воздржи и да не се насме кога новинарот му го постави ова прашање. 

 

-Руските комичари пробале да го добијат и Хашим Тачи, ама не им успеало… Претседателскиот кабинет на Косово, ФУНКЦИОНИРА , напиша Салиу во описот на видеото.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата