Првите iPhone модели со целосен екран се очекуваат во 2021. година

11.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Првите iPhone модели со целосен екран се очекуваат во 2021. година

Популарниот аналитичар Минг-Чи Куо откри дека iPhone моделите за 2020. година ќе имаат помали TrueDepth модули, што ќе овозможи значително помал засек (notch) во екранот. Куо истакнува дека телефоните ќе пристигнат со помали модули за предната камера, што ќе овозможи и намалување на вкупната големина на notch-от.

Покрај наведеното, аналитичарот предвидува и дека Apple планира редизајн на куќиштето, што би бил поинаков од она што го нудат iPhone X и iPhone XS дизајните, но не сподели повеќе детали. Кога се во прашање камерите, iPhone уредите за 2020. година би требало да имаат 7P системи на објективот.

Гледајќи уште подалеку во идниот развој на iPhone уредите, Куо очекува дека првиот вистински full-screen iPhone ќе се појави есента 2021. година. Неодамна се појавија извештаи за тоа дека Apple планира да го оживее Touch ID под екранот во верзијата на iPhone ексклузивна за корисниците во Кина.

 

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата