(Видео) Во полициска акција во Источно Сараево одземена дрога во вредност од најмалку 100.000 евра

11.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Во полициска акција во Источно Сараево одземена дрога во вредност од најмалку 100.000 евра

Емин Селимиќ од Сараево вчера беше уапсен во полициска акција на подрачјето на Источно Сараево, при што му беше одземена дрога во вредност од најмалку 100.000 евра, потврдено е за Српскаинфо.

Началникот на полициската дирекција на Источно Сараево, Бранимир Шеховац, рече дека на уапсениот му одзеле 15,5 килограми марихуана, 6,5 килограми спид и околу 8.000 различни видови таблети, околу 20 килограми кофеин и 1,4 килограми полусинтетичка дрога MDMA, како и пет литри масло за производство на спид.

Тој додаде дека заплениле и пет дигитални ваги, како и прибор за пакување лекови и 14 мобилни телефони.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата