Секој втор Германец го смета исламот за закана, тврди истражување

11.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Секој втор Германец го смета исламот за закана, тврди истражување

Секој втор Германец смета дека исламот претставува закана, тврди студија на фондацијата „Бертелсман“, а пренесува „Танјуг“.

На истокот од Германија дури 57 проценти сметаат дека исламот е закана, а на западот овој број е помал и изнесува 50 проценти.

Авторите на студијата предупредуваат на опасноста од поедноставени интерпретации на резултатите од истражувањето.

Тие истакнуваат дека се работи за широко распространет скептицизам кон оваа религија, кој, сепак, не може да се идентификува со исламофобија, изјави експертот за верски заедници во фондацијата „Бертелсман“, Јасемин Ел Менур.

Подетална анализа на резултатите покажува дека во многу случаи има воздржаност кон исламот.

„Очигледно, многу луѓе во моментот на исламот помалку гледаат како на религија, а повеќе како на политичка идеологија и поради тоа ова верување е често исклучено од верската толеранција“, објаснува тој.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата