(Видео) Со падобран полета од катедралата во Загреб

11.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Со падобран полета од катедралата во Загреб

Британскиот бејз-џампер (скокач од згради) објави видео на јутјуб-каналот „Бејз викли“ на 29 јуни. Во описот на видеото тој само споменува дека станува збор за „европска катедрала”, но од снимката е јасно дека се наоѓа во Загреб.

Во видеото се гледа дека тој бил во акција во ноќните часови за да не го забележи некој. Тој се качил на кулата на катедралата која се обновува и скокнал и во еден момент го отворил падобранот. Откако слетал пред катедралата, тој побегнал.

На почетокот на видеото, тој изјавува дека неговата цел е да направи интересен скок секоја недела.

Качувањето во катедралата е строго забрането.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата