Сребреница одбележува 24 години од геноцидот

11.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сребреница одбележува 24 години од геноцидот

Илјадници луѓе од раните утрински часови се собираат денеска во Сребреница во источна Босна, каде во текот на денот ќе биде одбележна 24-годишнината од масакрот спроведен против Бошњаците во таа област во јули 1995 година, спроведен од страна на војскат и полицијата на босанските Срби, предводени од генералот Ратко Младиќ.

Како што информира хрватски „Индекс“, стотици автомобили и автобуси ги преплавиле тесните патчиња кои водат кон местото, каде што денес, според официјалните резултати од последниот попис во 2013 година, живеат нешто повеќе од 13 илјади жители, од кои околу седум илјади Бошњаци и шест илијади Срби. Пред војната, Сребреница имала дури 36 илјади жители, од кои 27 илјади биле поранешни муслимани.

По падот на заштитената зона во Сребреница во 1995 година како загинати или исчезнати биле пријавени 8.372 луѓе, а оваа бројка е врежана на мермерната плоча поставена во рамки на меморијалниот комплекс во Поточари, како постојан потсетник на размерот на извршениот злочин.

Во текот на денот на гробиштата во Поточаеи ќе биде погребани посмртните останки на 33 жртви, чии тела се пронајдени последниве години во масовни гробници, а потоа биле идентификувани преку споредување на ДНК примероци од коскената срцевина со оние добиени од крв на преживеани роднини.

Најстарата жртва која ќе биде погребана на 24-годишнината од геноцидот е старицата Шаха Цврк, која во времето кога била убиена имала 82 години, а најмладата жртва е Осман Цврк момче кое во 1995 година имало само 16 години.

Од масовни и индивидуални гробници во Босна и Херцеговина, но и Србија, досега се ексхумирани телата на 7.119 жртви, а од нив 6.610 веќе се погребани во Поточари.

Дел од ексхумираните тела се уште не се погребани по барање на семејствата и се чека комплетирање на скелетот, бидејќи се пронајдени само некои делови.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата