Пожар во затворот Идризово, некој запалил ќебиња

10.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пожар во затворот Идризово, некој запалил ќебиња

Пожар избувнал попладнето во Казнено-поправниот дом Идризово во просторија каде што се складирани ќебиња, но нема повредени лица и не е причинета материјална штета.

Како што изјави за МИА директорот на затворот, Боби Мојсоски, било запалено едно ќебе, но пожарот не се проширил и тој бил изгаснат од затворската полиција. Мојсоски нагласи дека во инцидентот нема повредени, ниту причинета материјална штета.

– Во затворот пристигнаа две возила на Противпожарната бригада. Во 17:47 часот е најавен пожарот, во 18:45 часот возилата се вратени во центарот во Автокоманда, истакна за МИА, командирот на Територијалната протипожарна бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата