Заев на средба кај рускиот амбасадор. Ќе има ли разговор и за лажните Порошенко и Столтенберг

10.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Заев на средба кај рускиот амбасадор. Ќе има ли разговор и за лажните Порошенко и Столтенберг

Премиерот Зоран Заев денес, четврток 11 јули, ќе се сретне со рускиот амбасадор во земјава Сергеј Баздникин, пренесува тв24 повикувајќи се на информации добиени од висок владин функционер.

Тој тврди дека состанокот на премиерот со рускиот амбасадор бил договорен уште мината недела, но тајмингот се поклопува со објавувањето на разговорите на премиерот со руските комичари со кои арзговарал верувајќи дека разговара со украинскиот претседател Порошенко и генералниот секретар на НАТО Столтенберг, кои Заев ги обвини дека се дел од анти-нато структури.

А токму случувањата со руските „пранкери“ ќе се најдат на маса меѓу Заев и Баздникин и сигурно е дека темата нема да биде прескокната туку ќе биде дел од разговорите помеѓу македонскиот премиер и рускиот амбасадор, особено затоа што Заев на прес конфереција нагласи дека целиот случај е руски обид против македонските аспирации за НАТО. Јавноста очекува по средбата Заев, транспарентно, да објави што се зборувало и заклучило на оваа тема и во врска со прозивањето на руска политика кај пранкерите.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата