ДИВОГРАДБАТА на советникот Усеини, во Охрид, пред СВЕЧЕНО ОТВАРАЊЕ

10.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ДИВОГРАДБАТА на советникот Усеини, во Охрид, пред СВЕЧЕНО ОТВАРАЊЕ

Наместо да биде урнат по издаденото решение во март и бројните реакции во јавноста, на нелегалниот угостителски објект на советникот од ДУИ во општина Охрид , Нефи Усени, се вршат последните подготовки за негово отворање.

Усеини уште во март доби решение од Општина Охрид во рок од десет дена сам да ги урне металната конструкција и платформата од бетон и цврста градба.

Во решението за уривање инвеститорот беше известен дека има право да се жали, но жалбата не го одложува уривањето. Градежната инспекција при увидот констатирала дека на охридскиот советник не му е издадено одобрение за поставување урбана опрема за 2019 година, но нема ниту одобрение за градење на деловите од цврста градба во заштитеното јадро на Охрид.

На последната седница на УНЕСКО во Баку, беа издадени препораки за отстранување на бројни недоследности, меѓу кои и дивоградби во старото јадро на Охрид.

Од ова ќе зависи дали Охрид ќе го зачува статусот на заштитено светско културно наследство.

Препораките се со рок на исполнување до февруари идната година.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата