ЌЕ СЕ ГРАДАТ ЦЕНТРИ ЗА МИГРАНТИ, А И ДРЖАВЈАНСТВА за мигрантите ќе има

10.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЌЕ СЕ ГРАДАТ ЦЕНТРИ ЗА МИГРАНТИ, А И ДРЖАВЈАНСТВА за мигрантите ќе има

Нешто што повеќе од две години од власта беше прогласувано како лажна вест деновиве доби своја потврда. Премеирот Заев и официјално пред УНХЦР прифати Македонија да дава државјанства за мигрантите, а сега потврда и дека ќе се градат трајни прифатни центри, станови за нив. Се очекува уште да се види и бројот на мигрантите кои ќе добијат државјнство и станови за престој по што следи вработување за да бидат целосно вклучени во општетсвото. Ова е решено без јавна расправа.

МВР призна дека ќе се гради центар за странци бидејќи е потребно да се подобрат капацитетите на веќе постоечкиот.

Ова, како што објави Прес24, е прва институција која јавно одговори дека документите за изградба на ваков центар во Бардовци се точни. Директорот на БЈБ вели има нова локација но тој не располага со елаборатот.

Директорот Лазовски тврди дека нема опасност од враќање на мигранти во земјава од државите на ЕУ.

Во Стратешкиот план на МВР за 2018-2020 пишува дека парите за овој центар ќе бидат обезбедени од странски донации. Ја посетивме локацијата која е наведена во годишната стратегија за урбанизам на Владата, објавена во Службен весник, за што вчера премиерот Зоран Заев тврдеше дека е лага и вели дека никој не побарал ниту пак ќе се градат бегалски кампови во Македонија.

Се работи за површина од околу 7 хектари на која има запуштени воени магацини и ниви. Местото е веќе оградено и според стратешките планови би требало да се изгради до крајот на следната година.

Во Центар за странци досега беа сместувани дел од мигрантите. Во најголем број на почетокот од бегалската криза.

Во меѓувреме, на состанокот во Виена претседателот на ЕК Жан Клод Јункер најави дека извршното тело во септември ќе претстави предлог за заштита на надворешните граници на Унијата. Австрискиот канцелар Себастијан Курц и неговиот заменик пак порачаа дека Австрија нема да ги прифати вратените бегалци.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата