Прашан дали ќе реагира на изјавата на бугарскиот премиер Бојко Борисов во Сараево, каде тој говори за „северноамакедонски политичар“ и „северномакедонски претседател“, што е спротивно на Договорот од Преспа, премиерот Зоран Заев денеска рече дека секако реагира и веќе е испратена нота, за да може секако да се исправат грешките.
Некогаш дури и дома се случуваат грешки. Ние сме Македонци, кои што живееме во Северна Македонија, изјави Заев.
На прашањето на „Пресинг ТВ“ дали смета дека ваквата изјава на Борисов е намерна или се работи за грешка, Заев тврди дека е грешка.