Снимка од Samsung Galaxy M60 прикажува 48MP + 16MP камери (ВИДЕО)

10.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Снимка од Samsung Galaxy M60 прикажува 48MP + 16MP камери (ВИДЕО)

Инсерт од видео на отпакување на Samsung Galaxy M60 се појави на YouTube, а сугерира дека телефонот ќе има најдобар систем на камери во M серијата. Меѓутоа, остатокот од деталите за телефонот не е познат во целост.

Системот на камери е опишан како 48MP (IMX 586) + 16MP, а целта на другиот модул не е објаснета. Судејќи според резолуцијата, можно е да е во прашање телефото или ултраширока камера. Распоредот на сензори, со LED блиц помеѓу нив е поинаков од актуелните дизајни на Samsung.

Селфи камерата е сместена во засек, за разлика од punch-hole дизајнот, кој го има Galaxy M40. Само за потсетување, Galaxy M40 има три камери на задната страна: 32MP главна, 8MP ултраширока и 5MP depth.

Потребно е да се напомене дека нема претходно протечени информации за Galaxy M60 моделот, така што не постојат гаранции дека видео инсертот е легитимен и дека навистина се работи за споменатиот телефон или дека е во прашање телефон на Samsung. Поради тоа, споменатите информации потребно е да се земат со резерва.

 

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата