Британскиот возач на „Формула 1“ Луис Хамилтон (34) чие богатство се проценува на околу 285 милиони американски долари, често ги менува девојките. По кратката авантура со пејачката Ники Минаж (36) со која помина романтичен викенд во Дубаи, Хамилтон има нова девојка.

На неговата листа може да се најдат бројни моделки и музичарки како Ријана (31), Софи Ричи (20), Вини Харлоу (24), Рита Ора (28) и Никол Шерцингер (41), но овој пат Хамилтон излезе со поранешната механичарка Захра Елис. Елис беше облечена во кожена јакна  поради што обожавателите ја нарекоа „жена мачка”.

Папараците ја снимија двојката на бензинска пумпа, а наводно по роденденската забава на комичарот и актер Кевин Харт отишле заедно дома кај Захра.

Захра поминала четири години во морнарицата на САД, каде што работела како механичарка, а се зборува и дека била во врска со познатиот атлетичар Јусејн Болт (32).

извор: Makfax

6

Најчитани вести