Apple во 2020. година ќе објави четири iPhone модели

10.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Apple во 2020. година ќе објави четири iPhone модели

Извештајот на компанијата JPMorgan открива дека Apple, во обид да ја засили продажбата на iPhone, ќе објави четири телефони во текот на 2020. година. Аналитичарите очекуваат дека компанијата од Купертино ќе претстави три нови OLED модели со 5G модеми, а барем два меѓу нив ќе имаат ToF камери.

Apple обично ги објавува своите телефони во септември, пред празничната сезона, а веќе знаеме дека оваа година ќе бидат претставени три телефони со необични, но подобрени системи на камера.

Аналитичарите на компанијата JP Morgan, исто така, веруваат дека Apple наредната година ќе цели на подостапниот сегмент со модел кој има големина како iPhone 8, но пристигнува без 5G модел и по пониска цена.

Се очекува дека трите теелфона од премиум сегментот ќе имаат големини на екранот од 5.4″, 6.1″ и 6.7 инчи. Се верува дека ова ќе овозможи подобрување на продажбата од предвидените 195 милиони продадени модели во текот на 2020. година, наспроти 180 милиони колку што се очекуваат во текот на 2019.

 

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата