Данска ја совлада Норвешка за прва титула светски ракометен шампион

4.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Данска ја совлада Норвешка за прва титула светски ракометен шампион

Данските ракометари стигнаа до својата прва светска титулата совладувајќи ја Норвешка во големото финале со 31-22 (18-11).

Данците натпреварот го добија уште во првиот дел, кој остварија седум гола разлика (18-11), бодрени од околу 18 илјади дански фанови во салата. Кон предноста придонесе и голманот на Данска, Никлас Ланин со седум одбрани.

Во второто полувреме Данска ја зголеми предноста, а Норвежаните доживеаја вистински потоп.

Кај Данците најефикасни беа Микел Хансен со 7 голови и Нортен Олсен со 5, додека во тимот на Норвешка најефикасен беше Магнус Јондал со 8 голови и Сандер Сагосен со 3.

Претходно во натпреварот за трето место, Франција ја совлада Германија со 26:25.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата