Менкиновски: СДСМ сака СЈО кое ЌЕ ГИ ГОНИ СИТЕ ОСВЕН НИВ, а нив да ги АМНЕСТИРА

8.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Менкиновски: СДСМ сака СЈО кое ЌЕ ГИ ГОНИ СИТЕ ОСВЕН НИВ, а нив да ги АМНЕСТИРА

Долго веќе се води полемика помеѓу власта и опозицијата за новиот закон за обвинителство во кои рамки е и законското уредување на СЈО бидејќи наскоро, во септември, истекува мандатот на Катица Јанева. Од страна на ВМРО ДПМНЕ постои голем тим, предводен од правниот експерт и адвокат Тони Менкиновски кој со тимот работи на новиот закон за обвинителство и една од главните точки на спорење е што опозицијата смета дека СДСМ бара нов закон за продолжување на ваквото СЈО кое ги гони сите освен функционерите на СДСМ и власта која таа партија ја предводи, што е директно спротивно на концептот по кој е замислено СЈО, како и спротивно на она што го бараат институциите на ЕУ од Македонија.

- Никогаш не дадоа одговор на нашите амандмани. Ние дадовме 65 амандмана на закон кој има 100 члена. Тоа е скоро две третини од законот и воопшто никогаш не кажаа дали ги прифаќаат нашите амандмани или не. Секогаш одеа со некоја флоскула дека ние бараме некоја скриена амнecтија. Но, во законот не се зборува за никаква амнecтија, ниту пак има такви одредби за некој да се амнecтира, вели адвокатот и претседател на правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ Тони Менкиноски во денешното гостување во емисијата Отворено на ТВ Алфа.

Менкиноски потенцираше се соочиле со многу нecepиозен и непpoфесионален пристап од страна на СДСМ, додавајќи дека новиот закон за јавно ooбвинителство ваков каков што е всушност плагиjaт односно препишан од законот од Хрватска.

- Имаме тотално нceериозен пристап, значи нecериозен и непpoфесионален пристап од страна на СДСМ. Во неколку прилики ние кажавме дека законот е плагиjaт, односно препишан закон од хрватскиот закон, значи до одредба до запирка. Зар не е cpaмота од толку институции кои ги имаме ние да донесеме еден таков закон, праша Менкиноски.

Катица Јанева има ограничен мандат согласно законот и тој мандат истекува и мислам дека со тоа е завршена нејзината историја. За жал, СДСМ не прифати Анкетна комисија составена од парламентот, да влезе во СЈО и да се увиде што Катица Јанева работела изминативе години, рече Тони Менкиноски адвокат и претседател на правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ на денешното гостување во емисијата Отворено.

Тој додаде дека на ниво на Република Македонија има 190 јавни обвинители кои трошат сите заедно 10 милиони евра, додека пак Специјалното Јавно обвинителство има 12 обвинители кои трошат 4 милиони евра, што според него ова е нереално, и затоа барале формирање на Анкетна комисија за да се испита каде точно се потрошиле средствата бидејќи граѓаните имаат право да знаат на што се потрошени нивните пари, но како што рече СДСМ не ни сакале да разговараат а најмалку да го прифатат овој предлог.

Освен ова ВМРО ДПМНЕ неколку пати најави и сериозна ревизија на финансиското работење во СЈО, како и одговорност за него и за злоупотреби на службена положба за кои тие велат дека поседуваат докази.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата