Изјавата на Макрадули е парадоксална - СКОПЈЕ НЕ Е ЗАГАДЕН САМО ВО ЗИМА! Денес најзагаден е Карпош!

8.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Изјавата на Макрадули е парадоксална - СКОПЈЕ НЕ Е ЗАГАДЕН САМО ВО ЗИМА! Денес најзагаден е Карпош!

Во Скопје не се дише ни лето ни во зима, а загаденоста на воздухот во главниот град веќе со недели е на сериозно високо ниво и нико не се грижи за тоа. Властите не мрдаат со прст, ниту пак надлежните преземаат нешто.

Откако претходната недела енормно беше загаден строгиот центар на градот и мерните станици кај Ректоратот измерија рекордни 406 милиграми ПМ 10 честички на метар кубен, денес најзагадено е во скопски Карпош.

Имено, во Карпош утринава се измерени 33 милиграми ПМ 10 честички на метар кубен со што се покажува дека во воздухот во Карпош утринава нешто чудно се случува.

Освен во Карпош, утринава загадено е и во Гостивар, каде се регистрирани 60 милиграми ПМ 10 честички на метар кубен, додека во Кочани 31 милиграм ПМ 10 честички на метар кубен.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата