Новак Ѓoковиќ од Лондон за ,,Макфакс”: Наскоро ќе ја посетам Македонија

5.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Новак Ѓoковиќ од Лондон за ,,Макфакс”: Наскоро ќе ја посетам Македонија

Одговарајќи на прашањето на известувачот ма Макфакс од Вимблдон, кога ќе ја посети Македонија со оглед дека често изјавува како просторот на поранешна Југославија за него е единствен, најдобриот тенисер на светот изјави:
,,Се надевам наскоро. Моментално поради обврските кои ги имам со семејството и натпреварувачките не знам колку има време реално да се случи тоа во скора иднина. Зависи во кој правец ќе оди мојата кариера во иднина. Ако ги намалам турнирите и ако се ослободи некој простор, би сакал да дојдам на Охридското Езеро, би сакал да го посетам Скопје, каде никогаш не сум бил. Би салал да го обиколам целиот регион. Јас реално многу од тоа не сум видел, а имаме феноменални земји во секој поглед. Природа каква светот може само да посака. Дефинитивно би сакал да ја направам таа турнеја, можеби тоа ќе се спои со некој спортски или хуманитарен настан.

Со нашата Фондација Ѓоковиќ полека почнуваме да се шириме и надвор од Србија и се надевам дека ќе почнеме да работиме проекти и во регионот. Со Фондацијата сме насочени на предучилишна возраст и градење градинки, и се надевам дека ќе имаме можност и во Македонија да градиме и дека ќе имаме и некои спортски спектакли.

Спортот навистина има сила да ги спои луѓето, и да ги урне границите бидејќи спортот е и универзален јазик кој сите го разбираат. Така што низ спортот може да се влијае и на мирот во регионот и на меѓусебна почит и разбирање иако тензиите и понатака се големи, особено во одредени периоди од годината. Раните се уште се свежи од војната. Јас како спортист ја имам таа одговорност и се трудам да ја ширам таа позитивна порака. Фактот што некогаш бевме сите заедно во една земја доволно зборува колку сме блиски”, изјави Ѓоковиќ за Макфах.

Ненад Живановски

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата