Позната фудбалерка скокнала од брод каде се забавувала И НЕ СЕ ПОЈАВИЛА - ПОЛИЦИЈАТА СТРАВУВА, КЛУБОТ НЕ ГУБИ НАДЕЖ (ФОТО)

30.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Позната фудбалерка скокнала од брод каде се забавувала И НЕ СЕ ПОЈАВИЛА - ПОЛИЦИЈАТА СТРАВУВА, КЛУБОТ НЕ ГУБИ НАДЕЖ (ФОТО)

Швајцарската фудбалерка Флоријана Исмаили е прогласена за исчезната и се стравува дека се удавила при пливање во езерото Комо во Италија, објави нејзиниот клуб Јанг Бојс.

24-годишната Исмаили е капитен на Јанг Бојс каде игра од 2011 година.

„Клубот Јанг Бојс доби информација дека нашата фудбалерка Флоријана Исмаили исчезнала во саботата попладне во езерото Комо. Италијанската полиција трага по фудбалерката, а ние не ја губиме надежта“, стои во соопштението на клубот.

Според информациите од италијанските медиуми, Исмаили била на брод со своите пријатели и скокнала во водата за да плива, но повеќе не излегла на површината.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата