Во Собрание се направија „ПЕПЕЛ“ за реконструкцијата на Владата

26.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Собрание се направија „ПЕПЕЛ“ за реконструкцијата на Владата

Со низа реплики и контрареплики се одвива попладневниот дел од собраниската седница на која пратениците расправаат за реконструкцијата на Владата. По редовната пауза, пратениците расправаа околу три часа по што повторно е дадена пауза до 19:30 часот.

Во попладневата расправа, пратениците од власта и опозицијата се расправаа и за економските политики на Владата, а се осврнаа и  на Договорот од Преспа и добивањето датум за преговори со Европската унија.

Во репликите на пратениците од опозицијата кои ја критикуваа Владата за нејзините економски политики кои според нив не даваат резултати, премиерот Зоран Заев најави во следниот период замрзнување на придонесите за сите работници, покачување на пензиите и нови значителни зголемувања на платите во здравството. Според него, достижна е и просечна плата од 500 евра.

– Голем дел од граѓаните земаат 20.000 денари нето плата и уште 6.000 или 9.000 денари добиваат во кеш. Зошто го прават тоа газдите? За да не платат придонеси. И тие си плаќаат персонален данок, си плаќаат данок на добивка и даваат кеш во плата на работниците. Во таков случај, ќе преземам чекор, ќе ги супституирам придонесите, 90 проценти, само во еден случај, да биде стабилизиран пензискиот фонд, рече Заев.

На обвинувањата на опозицијата дека економските политики не даваат резултати и оти задолженоста е голема, а нема и странски инвестиции, премиерот Заев посочи дека странските инвестиции се најголеми во Европа споредено со БДП на земјата, просечната плата е зголемена, решени се проблемите со субвенциите во земјоделството од минатото, решен е откупот на земјоделските производи, има раст на земјоделското производство….

– Граѓаните се задоволни. Можеби не се задоволни до крај, но затоа постоиме да работиме, но секако се задоволни повеќе од порано, рече Заев.

Пратеникот од СДСМ Костадин Костадинов посочи дека најдобар показател дека економијата се движи во виситинска насока е растот на БДП во првиот квартал од годинава за 4,1 процент што според него ќе мотивира зголемување на минималната и просечната плата и на пензиите и ќе даде придонес за подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Тој уште еднаш ја повика Антикорупциска комисија да испита како е донесена одлука на Советот на Општина Пехчево за формирање на викенд зона, за ЕВН да може да пушти дитрибутивна мрежа од 30 милиони денари, со, како што рече, крајна цел Мицкоски да ги заокружи потребните средства за да може да му проработи бизнисот со хидроцентралите. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата