Не е храброст да се предложи министер за култура НА КОЈ МАКЕДОНСКИОТ МУ Е СТРАНСКИ ЈАЗИК

26.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Не е храброст да се предложи министер за култура НА КОЈ МАКЕДОНСКИОТ МУ Е СТРАНСКИ ЈАЗИК

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стеваванџија на денешната седница на која се дискутира за реконструкцијата на владата, истакна дека оваа недела единствениот храбар човек е советникот на Драган Тевдовски, кој јавно изјави дека „метлата“, како што вели, требало да ги опфати оние кои местеле милионски тендер и оние кои трошеле државни пари, а ништо не сработеле.

За мене не е храброст да се предложи министер за култура кој гордо кажува дека македонскиот јазик му е странски јазик, која храброст е да предложиш министер кој не го признава македонскиот јазик, за мене тоа е неприфатливо, вели Стевананџија и додава:

За мене е многу побитно да се најде храбар човек кој ќе го реши проблемот со Еурокомпозит, луѓето одат со шаторите пред влада и немаат да јадат, додаде тој.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата